Skip to the content
ООУ Братство Миѓени – ShFK Bratstvo Migjeni
  • Start a Project
  • Почетна
  • За училиштето
    • Информации од јавен карактер
  • Настава
  • Вработени
  • Ученици
  • Документи
  • Контакт
  • Shqip
  • Македонски

Настава

Вовед

Програмата за работата на училиштето за учебната 2022/2023 год. е документ во кој е испланирана работата на училиштето во сите области на работење предвидени со Правилникот за формата и содржината на Развојната и Годишната програма за работа на основното училиште . Програмата на ООУ „Братство-Миѓени„ Тетово  е изготвена и врз основа на другите гореспоменати документи. Се  темели и на  на работата на стручните активи, примената на ИКТ во наставата, програмата за ИОП, работата на ученичкиот парламент, реализирањето на проектите, секциите,редовната настава, дополнителната и додатната настава, реализирањето на бројни активности и учество на натпревари.Земени се во предвид  и позитивните искуства од минатата учебна година и истите се надградуваат за да има еден одржлив развој. Настава се реализира на три нставни јазици и тоа македонски, албански и турски.

На предлог на директорот изработената Годишна програма за работа на училиштето за учебната 2022/2023 година,  како  важен документ, комисијата која ја изготвила  ќе ја достави да се разгледа на  Наставничкиот совет. По добиеното позитивно мислење истата ќе ја достави до Училишниот одбор за усвојување.

Работа  во смени

Училиштето работи во две смени. Часовите во прва смена за  учениците започнуваат во 7,30 часот, а завршуваат во 12,55 часот. Часовите во втора смена започнуваат во 13,15 часот, а завршуваат во 17,50 часот. Во  подрачното во Сараќино учениците од прво до петто одделение на настава на албански јазик ќе учат во прва смена со постојниот распоред за прва смена.

Дополнителна настава

Согласно потребниот фонд на овој вид на часови на ниво на паралелка се пресметува за секој предмет и секој наставник годишен фонд, кој од 20.09.2022 г. станува дел на распоредот и годишната програма. За дополнителна настава,  групи ќе се формираат во различни периоди, во зависност од времето кога се појавуваат одредени слабости кај одделни ученици. Оваа настава, ќе се организира во текот на целата наставна година, паралелно со редовната настава, после часови, во слободно време и во вид на продолжена настава на крајот од наставната година.

Додатна настава

Согласно потребниот фонд на овој вид на часови на ниво на паралелка се пресметува за секој предмет и секој наставник годишен фонд, кој од 20.09.2022 г. станува дел на распоредот и годишната програма. Додатна настава ќе се реализира со учениците кои постигнуваат посебни резултати за определени наставни дисциплини и напредуваат во рамките на задолжителната настава. Нејзина основна цел е да обезбеди систематска работа со надарени и талентирани ученици во текот на целата година, нивно креативно ангажирање, унапредување на способностите, потесна професионална ориентација, учество на натпревари итн.

Работа со надарени и талентирани ученици

Секој наставник изработува идивидуална програма за работа со надарени и талентирани ученици.Истите се со  време на реализација од септември до мај во текот на една училишна година, во која ќе бидат вклучени предметите за кои ученикот покажува талент. Во овие планирања се дефинираат  целите на  учењето, употребата на стратегии и дидактички материјали. Како одговорни лица се јавуваат одделенските и предметните наставници во соработка со педагошко-психолошката служба.Секој наставник со употреба на разновидни начини и мерки за вреднување, со цел избирање на надарени деца на различна возраст и со различни способности, треба да изработи диференцирани наставни планови кои видно се разликуваат од постојните базични планови кои се задолжителни за сите ученици. Тие содржат различни наставни предмети, различен број на часови и други активности кои се одредуваат во зависност од видот на надареноста и возраста на ученикот. Овие наставни планови и програми подразбираат повисоко научно-теоретско ниво на програмските содржини, специфичен и проширен обем на содржини, поголема длабочина на суштината и разновидност на програмските содржини и висока меѓупредметна корелативна поврзаност на програмските содржини. Наставникот преку овие наствани програми за надарени деца треба да е во улога на соработник. Наставниот диференциран програмски курикулум  е флексибилен и прилагодлив  кон секој ученик или група на ученици.

Работа со ученици со посебни образовни потреби

Членови на Инклузивниот тим во ООУ се: Риза Етеми- директор; Мевљудије Аљити – дефектолог; Ибадета Беќири-психолог, Марина Богојевска- педагог, Хавије Љоки – предметен наставник, Негица Павлоска- одделенски наставник, Арјета Жаку – родител и Елза Фејзули – родител

Секој наставник изработува идивидуална програма за деца со посебни образови потреби со време на реализација од септември до мај во текот на една училишна година во која ќе бидат вклучени природата на проблемот со кој се соочува ученикот, целите во учењето, употребата на стратегии и дидактички материјали. Како одговорни лица се јавуваат одделенските и предметните наставници во соработка дефектологот и  педагошко-психолошката служба од училиштето. Ученикот со посебни потреби се  вреднува според оваа процедура.

Скорешни написи

  • Годишна програма за работа на училиштето за учебната 2025-26
  • Договор екскурзиите 2024-25
  • Екскурзиите за учебната 2024/25 година
  • Упис на првачиња во учебната 2024-25 година
  • Оглас за ексурзии

Архиви

  • октомври 2025
  • октомври 2024
  • мај 2024
  • мај 2023
  • април 2023
  • март 2023
  • октомври 2022
  • јули 2022
  • април 2022

Категории

Скорешни коментари

    Мета

    • Најави се
    • Канал со записи
    • Канал со коментари
    • WordPress.org
    Proudly powered by WordPress  |  Theme : rynobiz by  Wpazure.
    Back To Top